Јанг Џиају од Кина освои злато на 20 км брзо одење

Низ улиците во Париз денеска се одржа и женската трка на 20 км, брзо одење, на која златниот медал на супериорен начин го освои Јанг Џиају (28) од Кина со време од 1:25,54 часа.

Атлетичарката од Кина, светкста првенка од 2017 година, уште од стартот ја поведе трката, се „одлепи“ од конкуренцијата и водеше до крајот. Во поголемиот дел од трката таа имаше предност повеќе од половина минута, за на крајот да заврши со предност од 25 секунди.

Второто место и среброто го освои Шпанката, Марија Перез, двојната светска шампионка, со задоцнување од 25 секунди. Шест секунди зад сребрената Перез финишира Џемина Монтаг од Австралија, која се закити со бронзен медал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО