Денеска на Олимписките игри (ОИ) во Париз почнаа атлетските натпевари, со дисциплината брзо одење, на 20 километри во машка конкуренција.
Првиот „сет“ медали во „кралицата на спортовите“ беше поделен меѓу Еквадорецот, Брајан Пинтадо кој го освои првиот златен медал за својата земја на ОИ 2024 година, со време 1:18, 55 часа.
Второто место и среброто го освои Бразилецот, Каио Бонфим со задочнување од 14 секунди, а бронзата му припадна на шпанскиот атлетичар, Алваро Мартин кој задоцни 16 секунди зад победникот