Астон вила и Феликс се договориле, сега Атлетико е на потег

Англискиот Премиер лигаш, Астон Вила се договорил околу личните услови со крилниот напаѓач на Атлетико Мадрид и на португалската репрезентација, Жоао Феликс, кој минатата сезона ја мина во Барселона на заем.

Според медиумите, шпанскиот клуб бара 40 милиони евра за трансфер на Португалецот по што двата клуба ќе продолжат со преговорите околу конечниот договор.

Претходно беше објавено дека менаџерот на Астон вила, Унаи Емери го сака Феликс во тимот и му нуди улога на офанзивен играч за врска, што може да го „ослободи“ потенцијалот на Португалецот.

Договорот е „тежок“ за Вила од финансиска гледна точка, но и реално можен бидејќи веќе го продаде Муса Диаби на Ал Итихад за 60 милиони евра.

Минатата сезона Феликс настапи на 54 натпревари во сите конкуренции за клубот и за репрезентацијата, на кои постигна 13 гола и имаше седум асистенции.

Феликс има договор со мадридскиот клуб до летото 2029 година. Според порталот Трансфермаркт, неговата пазарна вредност е 30 милиони евра.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО