Гатузо: „Повеќе би сакал да го загубам натпреварот отколку достоинството“

Сплитски Хајдук вечерва од 21 часот го игра реванш натпреварот од второто прелиминарно коло во Лигата на конференции (ЛК) против Торшавн, на Фарските Острови.

Но, во пресрет на летот се случи нешто бизарно. Хајдуковци долгото патување го почнаа без Емир Сахити, кој како што изјави тренерот, Џенаро Гатузо на прес конференцијата.

– Ние сме фудбалски тим, потпишавме договор дека има јасни правила и дисциплина. Емир задоцни и не отпатува со нас, но петок е нов ден и почнуваме од почеток.

Се надевам дека ова нема да им се случи на другите играчи. Веќе нема да зборуваме за Сахити, работите се такви какви што се, повеќе би сакал да го загубам натпреварот отколку достоинството. Нема да се враќаме на таа тема, изјави Гатузо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО