ОИ: Србија го демолира Порторико

Српската кошаркарска репрезентација го  растури Порторико со 107-66 во второто коло од кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Париз.

Ортиз беше најефикасен кошаркар на паркетот со 19 поени, шест скокови и две асистенции, додека Петрушев со 15 поени и девет скокови го заврши дуелот кај Србија.

Јокиќ имаше 14 поени, 15 скокови и девет асистенции, односно му недостигаше само една за да стигне до трипл-дабл и испише историја, откако пред него до такво постигнување стигнале само тројца кошаркари, и тоа Александар Белов во 1976 година, Леброн Џејмс во 2012 и Лука Дончиќ во 2021 годинa.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО