Французинката Касандре Богран (27) го освои златниот медал во триатлон (пливање, велосипедизам и трчање) по деновите на неизвесност околу квалитетот на водата во реката Сена.
Богран забележа вкупно време од 1:54, 55 часа, шест секунди побрзо од Швајцарката Џули Дерон која се закити со сребро. Трета беше актуелната светска шампионка, Бет Потер од Велика Британија која задоцни девет секунди зад победничката.
Машката трка вчера беше одложена за 24 часа, откако квалитетот на водата во реката Сена не ги исполни стандардите по обилните врнежи.