Големо изненадување на ОИ. Елиминирана втората светска тенисерка

Хрватската тенисерка, Дона Векиќ се пласира во четвртфиналето на олимпискиот турнир во Париз со победата над втората светска тенисерка, Американката, Коко Гоф со 7:6, 6:2.

Гоф направи брејк во првиот сет, водеше и со 5:2, но потоа Векиќ ја одбрани сет-топката на 3:5 и и’ го одзеде сервисот на Американката, за 4:5. Во тај-брејкот Векиќ беше подобра, 9:7.

И во вториот сет Американката прва и го одзеде сервисот на Векиќ, но Дона брзо се врати во мечот. По еден спорен поен, Векиќ направи нов брејк и поведе со 4:2.

Гоф протестираше, се расправаше со судијата, дури и заплака, но гемот го доби Векиќ. Во следниот гем, Гоф имаше 40:0, но Дона ги спаси трите брејк топки и поведе со 5:2, потоа направи нов брејк за конечна победа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО