Сензација на ОИ: Српските ватерполисти декласирани и понижени од Австралија!

Вакво нешто ретко се случува. Српската ватерполо репрезентација во второто коло на Олимписките игри (ОИ) во Париз беше брутално понижена и убедливо поразена од селекцијата на Австралија, 3:8. Ова беше прв пораз на српската селекција од „кенгурите“ во историјата!

Откако „тесно“ ја совладаа Јапонија во првото коло од групата Б, српските ватерполисти, актуелните олимписки шампиони, доживеаја вистинска бламажа против селекцијата на Австралија. Тоа беше еден од најлошите натпревари на Србија во поновата историја.

Првата четвртина Австралијците ја добија со 1:0, а во втората го решија мечот. Беше дури 5:1 . Третата четвртина заврши 1:0 за Австралија и на влезот во последната четвртина на семафорот стоеше дури 7:1!

Последната четвртина Србија ја доби со 2:1 и со тоа донекаде ја ублажи катастрофата. Првите четири екипи од секоја група одат во следната фаза.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО