По Флоренци, Милан остана и без голманот Спортиело

Турнејата на Милан во САД не почна најдобро. Новиот тренер на тимот, Паоло Фонсека, уште на подготовките загуби двајца играчи.

Најпрвин, Алесандро Флоренци ги скина вкрстените лигаменти и страничниот менискус на десното колено за време на натпреварот со Манчестер сити и ќе отсуствува подолго од фудбалските терени.

Сега позериозно се повреди и вториот голман Марко Спортиело, кој има поголема расекотина на левата рака поради што ќе биде надвор од терените повеќе од два месеца.

Во моментов се прават тестови за да се утврди дали е неопходна операција. Повредата на Спортиело ќе го натера Милан да тргне во потрага по негова замена.

Во моментов, Фонсека може да смета само на 19-годишниот, Лоренцо Ториани, кој ќе биде трет голман сезонава.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО