Маскотата на ОИ во Париз е важен француски симбол

Олимписките игри (ОИ) се многу блиску, љубителите на спортот со нетрпение го очекуваат петок и официјалното отворање во Париз, на реката Сена. Некои веќе си направиле распоред што ќе гледаат секој ден, а многумина сигурно веќе ја виделе маскотата.

Насмеаната црвена „играчка“ го привлече вниманието на многу луѓе, а веројатно многумина не знаат за што тошно станува збор. Таа црвена беретка која ја носеле многу познати историски личности во Франција, наречена е „Олимпик фриж“.

На интернет страницата на Олимписките игри (ОИ) може да се прочита дека името и маскотата се избрани како симбол на слободата и ја претставуваат формата на Република Франција.

– Бидејќи визијата на Олимписките игри во Париз 2024 година е дека спортот може да менува животи, маскотите ќе играат голема улога со тоа што ќе ја водат таа револуција преку спортот, се наведува на интернет страницата.

Она што е интересно е дека дизајнерскиот тим вешто успеал да ги вклопи трите бои на француското знаме – црвена, сина и бела, а во средината има големо лого на ОИ во Париз во златна боја.

Црвената беретка се наоѓа на многу евромонети направени во Франција, а е еден од симболите на Француската револуција.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО