Како што стојат работите во Сити, тешко дека ќе го убедат голманот Едерсон да остане меѓу стативите. Тој веќе имал понуда од Саудиска Арабија и наводно размислувал за трансфер.
Чуварот на мрежата на англискиот шампион, одбил да потпише нов договор во Сити со плата тешка 15 милиони евра по сезона, што остава простор за можни шпекулации.
Ал Итихад и Ал Наср се подготвени да го ангажираат Едерсон, но проблем е што Сити бара премногу за овој голман, дури 50 милиони евра, па прашање е дали ќе се реализира ова.
Но доколку овој голман на крајот, сепак, заврши во Саудиска Арабија, кое би било решението за Манчестер Сити? Тие ги имаат Ортега и Скот Карсон, но се далеку од некое трајно решение.
Една од варијантите е и Патерсон, голманот на Сандерленд, но прашање е и тоа дали може да се оствари. Втора опција, која полека но сигурно се наметнува, е евентуален и изненадувачки ангажман на Џиџи Донарума од ПСЖ, еден од најдобрите голмани во светот, во денешно време.
Инаку ПСЖ доведе голман кој треба д аму биде конкуренција на Џиџи, а во прашање е голманот на Краснодар, Матвеј Сафонов, 25 годишен голман за кого се платени 20 милиони евра обештетување.
Во Сити го посакуваат Донарума, а се шпекулира дека доколку го загубат Едерсон, нема да штедат во обидите да го купат Џиџи Донарума и дури би понудиле скоро 100 милиони евра.