Адамс ја прифати понудата од Италија

28 –годишниот фудбалер, Адамс, потпиша договор за три сезони со италијанскиот елитен состав, Торино, потврдија медиумите на „Чизмата“. Напаѓачот доаѓа како слободен играч откако не го продолжи договорот со Саутемптон.

Адамс им се приклучи на „светците“ во 2019 година со трансфер од 15 милиони фунти од Бирмингем Сити.

Тој забележа 191 настап и постигна 48 гола во сите натпреварувања. Адамс кој се појави во дресот на Шкотска на последното Европско првенство, има 33 репрезентативни средби на кои постигна 6 голови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО