Новинарите го прашаа Анчелоти каде го гледа на терен Мбапе, овој им одговори во свој стил

Францускиот фудбалер Килиан Мбапе е веќе претставен како нов играч на Реал Мадрид, а следуваа низа на прашања до тренерот Карло Анчелоти.

Едно од најчесто поставуваните прашања до стратегот на „кралевите“ беше каде планира да го игра ново и бесплатно засилување, односно каде би бил најкорисен на терен.

За очекување е Мбапе без поголеми проблеми да влезе во ритам наскоро заедно со Белингем, Винициус и дружината, па да ги решетаат мрежите на противниците, а на новинарите ги интересираше каде Анчелоти го гледа својот нов фудбалер.

– Па ќе му најдеме некоја позиција на терен, ќе се воигра, без проблем, порача Карло Анчелоти.

Реал Мадрид успеа да го обезбеди потписот на францускиот фудбалер бесплатно, што е уште една трансфер победа за Флорентино Перез и „кралевите“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО