Откриени бизарните тренинзи на Халанд: Немав избор, татко ми ме натера на тоа!

Методите на тренирање на Ерлинг Халанд се необични и бизарни за англиските медиуми.

Играчот кој заработува еден милион неделно во Англија, имал метод на тренирање како Роки Балбоа од франшизата со Силверстер Сталоне. Халанд ова лето во Норвешка интензивно работеше на мускулатурата, но без некои големи технологии, туку природно, со цепање на дрва, планинарење и медитација на некој голем камен на сред некоја река.

– Татко ми ме натера на тоа, немав избор, морав да го направам тоа за мое добро, порача Халанд во образложението зошто се подготвувал во природни услови повеќе од тоа што треба да вежба во сала.

Халанд има добар учинок првите две сезони во Англија, во првата сезона, 2022/23, тој во дресот на Сити запиша многу рекорди во Премиерлигата, постави рекорд по бројот на голови, 36 на 35 натпревари. Вкупно таа година постигна 52 голови на 53 натпревари, што јасно укажува на неговата голема ефикасност на терен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО