Лионел Меси со години беше мета на критики на аргентинските навивачи кои му забележуваа што во националниот дрес не игра како во Барселона!
Меѓутоа, откако ги предводеше „гаучосите“ до светската титула во Катар 2022-та и до два „врзани“ триумфа на Копа Америка (2021 i 2014-ta), Меси доби „божји статус“ во Аргентина, кој до неодамна беше резервиран само за легендарниот Диего Марадона.
Да се каже нешто против Меси или да се направи нешто што нема да му се допадне е строго забрането во Аргентина. Хулио Гаро, помошникот државен секретар за спорт, тоа најдобро го почувствува на своја кожа.
Гаро, како гостин (по телефон) на аргентински подкаст, тврдеше дека Меси како капитен и Чики Тапија, како претседател на аргентиската фудбалска федерација (АФА) треба да им се извинат на Французите за расистичките песни и за онтроверзната прослава по освојувањето на Копа.
“Lionel Messi tiene que pedir disculpas”
El subsecretario de Deportes, Julio Garro, consideró que tanto Chiqui Tapia como Messi tienen que disculparse por los cánticos de los jugadores: “Nos deja, como país, mal parados después de tanta gloria”. pic.twitter.com/2suQGtPMDW
— Corta 🏆 (@somoscorta) July 17, 2024
Тој подоцна се огласи на социјалните мрежи категорично тврдејќи дека не барал извинување од Меси. „Тоа би било недостиг на почит кон оние што трајно не’ честат со нивните човечки и спортски квалитети“, напиша Гаро во обид да избега од потенцијалните последици.
Desmiento categóricamente que haya solicitado a Messi que pida disculpas. Sería una falta de respeto a quien nos honra permanentemente con su calidad humana y deportiva.
— Julio Garro (@JulioGarro) July 17, 2024
Но, не успеа. По кажаното, аргентинската влада му врачи отказ на својот службеник!?