Карлос Алкараз истакна дека е горд на себе по освојувањето на вториот трофеј на Вимблдон, но и дека не сака да размислува се уште за броеви, бидејки сака да стане уште подобар и да победува.
Тој во финалето беше подобар од Новак Ѓоковиќ во три сета и апсолутно го заслужи трофејот.
– Беше неверојатно да се освои Вимблдон и годинава, горд сум и среќен на успехот. Новак не играше на своето највисоко ниво во првите два сета, имаше доста грешки, а јас тоа го искористив.
– Одлично е чувството, посебно ако се земе во предвид дека во иста година ги освоив Ролан Гарос и Вимблдон, што не им послужило низ годините на многу тенисери. Допрва треба да станам свесен дека сум двоен шампион на Вимблдон.
Тој нагласи и дека има една голема желба на крајот од кариерата:
- На крајот од кариерата, посакувам да седам на маса заедно со сите великани, со најтрофејните, се надевам дека ќе продолжам да победувам, порача Карлос Алкараз.
Тој по финалето нагласи дека тој си ја завршил работата, а сега дека тоа треба да го направат и фудбалерите на Шпанија, кои синоќа беа подобри од Англија и станаа европски шампиони.