Сензацијата е комплетирана, Крејчикова го освои Вимблдон

Барбора Крејчикова од Чешка, 32. на ВТА листата го оствари најголемиот успех во Кариерата. 28. годишната Крејчокова попладнево ја освои титулата на Вимблдон во женска конкуренција.

Крејчокова во финалето ја победи својата врсничка од Италија, Јасмине Паолини, по голема борба и еден час и 58 минути борба со 6:2, 2:6, 6:4. Крејчикова во Лондон ја освои втората Грен слем титула во сингл.

Чешката тенисерка го освои својот прв Грен слем трофеј во 2021 година на Ролан Гарос во досега единственото финале во сингл во нејзината кариера. Сопственичка е и на седум ГС титули во конкуренција на двојки, а интересно е што нема пораз во ниту едно финале. Во 2018 и 2022 година во двојки победи на Вимблдон заедно со Катерина Синијакова.

Паолини загуби во второто Грен слем финале во кариерата. Таа претходно пред нешто повеќе од еден месец во решавачкиот дуел на Ролан Гарос беше поразена од Ига Швјонтек со 6:2, 6:1.

Во недела од 15 часот, во реприза на минатогодишното финале, Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз ќе играат за трофејот во машка конкуренција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО