Грција, Шпанија, Бразил и Порторико обезбедија настап на Олимписките игри

Кошаркарската репрезентација на Грција ја совлада Хрватска со 80:69 во финалето на квалификацискиот турнир, во салата на „Мирот и пријателство“ во Пиреја, и си обезбеди настап на Олимписките игри (ОИ) во Париз. За Грција ова ќе биде прв настап на ОИ по Пекинг 2008 година.

– Чувството е неверојатно. Уште како дете посакував да играм на Олимписките игри, изјави двократниот МВП на НБА лигата, Антетокунмпо (29), со солзи во очите по победата на Грција.

Антетокунмпо ги предводеше  Грците до победата со 23-те поени и осумте скока. Јоргос Папајанис ддаде 19 поени, а Ник Калатес с14 поени и 11 асистенции.

Најдобри кај Хрватите беа Ивица Зубац со 19 поени и 13 скока, Дарио Шариќ кој постигна 14 поени со 12 скока и четири асистенции, како и Марио Хезоња и Матео Дрежњак кои постигнаа по 15 поени.

На олимпискиот турнир во Париз ќе играат Бразил кој во Рига ја победи Летонија со 94:69, и Шпанија која во Валенсија ги совлада Бахамите со 86:78.

Последното, 12-то место, во Париз го обезбеди Порторико кој во Сан Хуан триумфира над Литванија од 86:78 и по пауза од 20 години ќе игра на ОИ.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО