Тиаго Алкантара оди во пензија

Поранешниот играч за врска на шпанската репрезентација и на екипата на Ливерпул, Тиаго Алкантара одлучи да стави крај на својата професионална играчка кариера. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо.

Тиаго ќе остане во фудбалот, но во друга улога. Претходно медиумите објавија дека Тиаго Алкантара би можел да му се приклучи на стручниот штаб на Ханс-Дитер Флик во Барселона.

Последниот клуб на 33-годишниот Алкантара беше Ливерпул, за кого настапуваше од 2020 година и кој го напушти ова лето. Шпанецот ја пропушти минатата сезона поради повреда, а на теренот се појави само еднаш.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО