Ламине Јамал како Зинедин Зидан пред 20 години

Најмладата ѕвезда на Европското првенство (ЕП) 2024, Шпанецот Ламин Јамал го повтори достигнувањето на Зинедин Зидан од ЕП 2004 година во Португалија. Тој го повтори подвигот на Зидан и стана вториот играч во историјата на ЕП, од 1980 година па наваму, со 5+ шутеви и 5+ додавања на меч.

Јамал, 16-годишниот крилен напаѓач на „фуријата“ на мечот против Грузија (4:1) упати седум шута кон противничкиот гол и имаше шест креирани шанси, од кои една заврши со асистенција за гол.

Јамал е една од најголемите ѕвезди на ЕП. Тој стана незаменлив во Барселона и во репрезентацијата. Влезе и во историските книги како најмладиот играч што се појавил на ЕП.

Поради фактот што е левучар и поради тоа што сениорска кариера ја почна како десно крило, каде што ги излудува одбранбените играчи со својата брзина и дриблинг, многумина го споредуваат со Лионел Меси. Но самиот Јамал инсистира дека не е достоен за такви споредби:

– Тој е најдобриот играч во историјата и фактот што не’ споредуваат е неверојатен, но овие споредби не се на место. Никој не може да се спореди со него. Се надевам дека ќе постигнам само половина од тоа што тој има направено во кариерата, рече Јамал.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО