ФСД ќе ја плати казната во УЕФА, а сметката ќе ја испорача до навивачите

Фудбалскиот сојуз на Данска (ФСД) е еден од националните сојузи кои плати казна поради однесувањето на навивачите на Европското првенство.

По мечот со Англија, Данците се најдоа под истрага на УЕФА поради однесувањето на навивачите.

Поточно, поради еден специфичен транспарент кој имаше навредлива содржина адресиран кон Европската фудбалска унија.

Содржината на спорниот транспарент не беше објавена, но стигна казната, 10.000 евра Од ФСД соопштија дека ќе ја платат казната, но дека нема да застанат тука.

„Ќе ја платиме казната, но најважно ни е да ги идентификуваме навивачите кои го донесоа тој транспарент на стадионот. И да им ја испорачаме сметката“, изјави претседателот на Данскиот фудбалски сојуз, Ерик Брогер Расмусен.

Од 21:00 часот во вторник се среќаваат Србија и Данска во натпреварот од третото коло во Ц групата на Европското првенство.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО