Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата квалификациска пречка на грен слем турнирот на Вимблдон.
Ѓорческа загуби од Американката, Саша Викери по голема борба, во сетови со 0:2 и по два тај-брејка, 6:7, 6:7. Мечот меѓу Ѓорческа и Викери, 138-та тенисерка на ВТА листата, траеше 1,45 часа, во кој македонската тенисерка одлично и парираше на повисокорангираната ривалка.
Во првиот тај-брејк, Викери славеше со 7:1 во поени, а вториот тај-брејк беше поизрамнето, 7:5.
Ѓорческа годинава настапи во квалификациите и на другите два гран слема, на Австралија опен и на Ролан Гарос, но не успеа да ги мине првите квалификациски кола, исто како и на Вимблдон.