Чаланоглу демантира дека преговара со Баерн Минхен

Играчот од средниот ред на Турција и на Интер, Хакан Чаланоглу ги демантираше информациите околу преселбата во Баерн Минхен, додавајќи дека сега е фокусиран на настапот на ЕП.

„Во однос на гласините што кружат во медиумите, би сакал да ја искористам приликата и директно да се осврнам на ситуацијата. Досега се воздржував од коментирање на овие шпекулации, бидејќи сум фокусиран на репрезентацијата на Турција со која се натпреварувам на ЕП.

Сепак, сметам дека е соодветно сега да се разјаснат работите за да се избегнат дополнителни недоразбирања. Многу сум среќен во Интер. Односот што го делам со клубот и со нашите прекрасни навивачи е навистина посебен.

Заедно постигнавме големи успеси и многу сум среќен што ќе можам да освојам уште повеќе трофеи со Интер во иднина. Ви благодарам за разбирањето и за поддршката. Само напред Интер“, напиша Чаланоглу на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО