Објавени имињата на 10-те најдобри судии во историјата

Британскиот портал „Дај ми спорт“ (Give me Sport) направи рангирање на 10-те најавторитетни судии во историјата на фудбалот.

Меѓу десетината избрани има тројца Англичани, двајца претставници на Италија, вклучувајќи го и познатиот Пјерлуиџи Колина , кој ја предводи листата, и, според изданието, е најавторитетниот судија во историјата на фудбалот. Унгарија исто така има двајца арбитри на оваа листа.

„Топ 10“ најдобри судии во историјата, според „Дај ми спорт“ се: Пјерлуиџи Колина (Италија), Хауард Веб (Англија), Никола Рицоли (Италија), Маркус Мерк (Германија), Марк Клатенбург (Англија), Ким Милтон Нилсен (Данска), Марк Халси (Англија), Шандор Пул (Унгарија), Виктор Касаи (Унгарија) и Педро Проенка (Португалија).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО