Един Терзиќ повеќе не е тренер на Борусија Дортмунд, соопшти клубот, додавајќи дека договорот е раскинат на барање на 41-годишниот стручњак, по состанокот со клупското раководство.
Минатата сезона Терзиќ ја предводеше Борусија до финалето на Лигата на шампиони (ЛШ), во кое загуби од Реал Мадрид, 0:2, а во Бундеслигата го освои петтото место.
Терзиќ го презеде клубот лани летото и имаше уште една сезона од договорот. Весникот „Билд“ пишува дека постои голема веројатност него да го замени Нури Шахин, досегашниот помошник, заедно со Свен Бендер.