Вечерва од 21 00 часот, се игра големото дерби „Ел Класико“, на стадионот „Сантијаго Бернабе“ во Мадрид.
Овој меч ќе биде шанса за „отпишаната“ Барселона со евентуално добар резултат, да се врати во трката за титулата, а што се однесува до Реал Мадрид, доколку тие победат, тоа ќе значи нивно дополнително оддалечување на табелата.
И двете екипи имаа тешки мечеви изминатите денови, а овој меч ќе биде прекупотребен како за Реал, така и за Барселона.
Поранешниот ас на „кралевите“, Предраг Мијатовиќ, се обиде да го најави Ел Класико и да каже кој смета дека може да направи разлика на терен.
– Тоа ќе биде одличен натпревар, кој многумина го чекаат долго. Ако победи Реал Мадрид, Ла Лига ќе биде осудена на пропаст, односно се ќе биде готово по прашање на шампионот, порача Мијатовиќ.
– Реал добро го почнува натпреварот, од подобра ситуација, веќе се во полуфиналето од ЛШ, имаат предност од осум бодови, нерешено би било исто така добар резултат за нив, додека Барселона има обврска да победи, а тие се способни за такво сценарио. Многупати низ Ел Класико, подобриот во тој момент не победувал, така да и Барселона има свои шанси. Сметам дека на овој меч, голманот на Реал, Андреј Лунин може да биде човек на одлука, им одбрани пенали на Ковачиќ и Силва, во добра форма е, можеби да им биде клучен играч, порача Предраг Мијатовиќ.