Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека никогаш не се гледал како голем тренер иако во фудбалскиот свет котира високо на листата.
-Никогаш, никогаш во мојот живот. До денес сум изненаден што луѓето ме гледаат така. Важно е само навивачите на Ливерпул да се задоволни од она што го направивме“ – вели Германецот.
-Не ми требаат споредби со Арсен Венгер или некој таков. Ништо не ми значи. Сакам да бидам запаметен како личност која им помагала на луѓето во животот – изјави Клоп кој со „црвените“ двапати ја освои Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот и Лига Купот на Англија.