Спринтерот од Боцвана, освојувачот на сребрениот медал од последното Светско првенство (СП) во Будимпешта, Лецил Тебого најави дека ќе го нападне светскиот рекорд на 200 метри на Усеин Болт.
Тебого освои сребрно и на 100 метри на тоа СП, но вели дека во моментов се чувствува поподготвен да го нападне светскиот рекорд на 200 метри, кој изнесува 19,19 секунди.
Личниот рекорд на Тебого на 200 метри е 19.50 секудни и тој верува дека има реални шанси за поставување нов светски рекорд. Неговото време е шесто најдобро во историјата.
Тебого вели дека соборувањето на рекордот на 200 метри би требало да биде полесно отколку на 100 метри, што го најави и Болт.
– Имам поголеми шанси на 200 метри и сакам да верувам дека тоа е можно. Болт во едно интервју рече дека рекордот на 200, може да биде полесен за уривање од оној на 100 метри. Јас се согласувам со него, рече Тебого.