Играчот од средниот ред Деклан Рајс ќе го одбележи својот 50-ти настап за фудбалската репрезентација на Англија со капитенската лента, додека Иван Тони сигурно ќе игра, потврди менаџерот Герет Саутгејт. Англија утре ја пречекува селекцијата на Белгија.
– Иван Тони сигурно ќе игра на овој натпревар. После се што се случи неодамна, нашите планови за оваа недела се сменија малку, но на овој начин разбираме повеќе за играчите. Играме против противници на многу високо ниво и тоа ќе ни помогне да донесе – добри одлуки во иднина, рече Саутгејт.
– За него ова е 50-ти натпревар. Има искуство како лидер и гледам голема можност пред нас. Деклан е меѓу нашите млади играчи кои имаат време да покажат лидерски квалитети и да ја почувствуваат тежината на капитенската лента во националниот тим, продолжи селекторот на Англија.
– Некои од играчите од ‘рбетот на тимот не се со нас, па сега ситуацијата е поинаква. Останатите мора да ги заменат, водат и растат. Многу од момчињата се нашата иднина и сакаме да им дадеме што повеќе шанси. Тоа ќе им помогне на сите, додаде Саутгејт.
Рајс, кој има само 25 години, изјави: Кога ми кажа вчера, само му подадов рака, го прегрнав и му се заблагодарив. Му должам многу затоа што овој тим го направи мојот дом. Ќе ми биде чест да ја носам лентата на раката во мојот 50-ти. натпревар, пред моите најблиски и моето семејство, изјави Рајс.