Алвеш сака на слобода: „Нема да бегам, верувам во правдата“!

За случајот на славниот бразилски фудбалер, Дани Алвеш (40) кој во февруари беше осуден на четири и пол години затвор за силување на млада жена во декември 2022 година, утринава повторно се расправало пред Судот во Барселона.

Со оглед на тоа дека пресудата не е правосилна, адвокатите на некогашниот најтрофеен фудбалер на светот, побарале мерка ослободување додека да стане правосилна.

Некои шпански медиуми пред денешното рочиште пишуваа дека шансите да му се исполни желбата на поранешниот играч на Барселона се минимални.

Меѓу другото, беше истакнато дека постои страв од бегство на Алвеш во Бразил, кој не ги екстрадира своите државјани. Неговата адвокатка Инес Гвардиола предложила да му се одземе пасошот за да покаже дека тој ризик не постои и оти нејзиниот клиент ќе остане во Шпанија.

Алвеш го уверувал Судот во истото. „Нема да бегам, верувам во правдата“, наводно рекол Алвеш, според извори на каталонски „Спорт“, кој додава дека до крајот неделава треба да знае одлуката.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО