Кансело сака да се врати во Бенфика, но не наскоро

Десниот бек на Барселона, Жоао Кансело, играчот на Манчестер сити, кој до крајот на сезонава е на заем во шпанскиот клуб, следната сезона би можел да се пресели во Бенфика.

– Не е исклучена опцијата да се вратам во Португалија. Јас сакам да играм за Бенфика, но би сакал и да минам уште две, три години во Барселона, изјави Кансело.

Претходно беше објавено дека агентот на Кансело ќе преговара со раководството на Сити за продажба на дефанзивецот во каталонскиот клуб.

Според Мундо Депортиво, претставникот на Португалецот ќе се обиде да преговара за сума од 20 милиони евра како обештетување.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО