Санчез промаши пенал, камерите го уловија несовесниот гест на Антоан Гризман

Атлетико Мадрид успеа по пенал рулетот да го елиминира Интер од ЛШ, а од самиот финиш на средбата, ни доаѓа една интересна ситуација надвор од теренот.

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, беше уловен од камерите, како жестоко реагира и го навредува Алексис Санчез, кој промаши пенал и за тоа имаше несовесен коментар.

Камерите го уловија во вулгарна гестикулација, од која можеше да се дешифрира: „Чилеанецот е срање, се посра!“.

Санчез беше задолжен за пеналот во втората серија на Интер, но Јан Облак неговиот удар го скроти и им даде дополнителна предност.

Во пенал серијата Јан Облак брилјираше со два одбранети пенал, додека освен Санчез, прописно се посрамоти и Лаутаро Мартинез, кој шутираше високо преку голот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО