Таеквондо квалификациски турнир во Софија за Париз 2024

Македонските таеквондисти Дејан Георгиевски и Мила Рељиќ денес и утре ќе настапат на квалификацискиот турнир во Софија за настап на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз летово.

Георгиевски и Рељиќ се максимално подготвени да одговорат на предизвикот и да атакуваат на олимписките норми.

Дејан Георгиевски е носител на сребрен медал од ЛОИ во Токио 2020, прв за Македонија по 20 години и Игрите во Сиднеј.

Мила Рељиќ е млада натпреварувачка која трпеливо го гради патот до светскиот врв. На ЕП за сениори таа беше петта, како и на Европските игри. На ЕП до 21 година во Букурешт таа освои бронзен медал, а има освоено многу одличја на Г-1 турнирите.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО