Ждрепка за Индијан Велс: Ѓоковиќ против Надал дури во полуфиналето

Синоќа беше одржана ждрепката за стартот на тенискиот АТП Мастерс турнир во Индијан Велс кој почнува неделава.

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ имаше поволна ждрепка, што не може да се каже и за Шпанецот Рафаел Надал.

Надал го чека дуел против Милош Раониќ, и доколку го мине, можни ривали до завршницата можат да му бидат и Холгер Руне, Лоренцо Мусети, а подоцна и Тејлор Фриц.

Ако нема никакви изненадувања, може да се очекува дуел Надал – Ѓоковиќ дури во полуфиналето.

Мастерсот во Индијан Велс ќе се игра од 6 до 17 март, а титулата ја брани Карлос Алкараз.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО