Македонските кошаркари на стартот od квалификациите за Европското првенство (ЕП) 2025 година вечерва (сала „Кале“, 19 часот) ја пречекуваат Естонија.
Ова може да биде еден од клучните натпревари за македонската репрезентација во овие квалификации, бидејќи Естонците би требало да ни бидат директен ривал за пласман на позиција што може да не’ однесе на ЕП.
Во пресрет на натпреварот, за очекувањата говори организаторотот на играта, Ненад Димитријевиќ.
-Добро ги знаеме квалитетите на Естонија, тоа е силна репрезентација, со евролигашки играчи. Но, мислaм дека сме подготвени за овој натпревар. Не сакаме да си ставаме некој преголeм притисок токму за овој дуел, затоа што потоа следуваат уште пет натпревари.
Знаеме дека е многу важно да го одбраниме домашниот терен. Притисокот е добар, но понекогаш тие очекувања не се реални. Живееме во некои други времиња, ние сме поинаква генерација и мислам дека тоа треба да го почувствуваме како поддршка, а не како притисок, изјави Димитријевиќ.