Без навивачки групи на мечот МЗТ Скопје – Работнички во Битола!

Организаторот на завршниот турнир од Купот на Македонија во кошарка „Благоја Георгиевски Буштур„ КК Пелистер, забрани присуство на организирани навивачки групи на полуфиналната пресметка МЗТ Скопје – Работнички (денеска, 17 часот)!

Оваа „казна“ се однесува на двете скопски екипи, чија пресметка со нетрпение ја чекаа сите вљубеници на кошарката во државата, и по се’ требаше да биде феноменален вовед пред саботното финале.

-Апсолутно не ни е јасно како може некој да сака празна сала со стотина „залутани“ на трибините, каква што беше сликата на вчерашните четврт-финални пресметки на средбите на кои не играше домаќино, наместо спектакуларна атмосфера како што знаат да направат навивачките групи на вечните ривали, реагираат од МЗТ Скопје, бранителот на трофејот.

Од МЗТ Скопје кој денеска по 26-ти пат ќе игра во полуфиналето на купот, велат дека и покрај сите гаранции не успеале да ја сменат одлуката на луѓето од Пелистер.

-Затоа ја информираме македонската јавност да не биде шокирана вечерва кога ќе види (полу)празна сала во Битола, иако ќе играат најдобрите екипи во историјата на македонската кошарка, кои заедно имаат 21 куп-трофеј. Кошарката се игра за публика, таа се негува и треба да ѝ се овозможи да ужива во мајсториите на паркетот.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО