Играчот од средниот ред на Лајпциг и на македонската репрезентација, Елиф Елмас (24) пред вечерашниот прв осминафинален натпревар во Лигата на шампиони (ЛШ) против Реал Мадрид на шпанските новинари им откри дека негов омилен играч во „кралскиот клуб“ е Лука Модриќ.
– Слушајте, јас сум од Балканот и за мене има само еден избор, а тоа од се’ срце, е Лука Модриќ. Се’ што направи со Реал и со Хрватска е неверојатно. Ја освои и „Златната топка“. Не велам дека во Реал нема и други врвни играчи, но мене омилен ми е Лука.
Знаете, тој е многу посебен за сите нас Балканците. За мене тој е број 1 на просторите на поранешна Југославија. Секако дека го имам неговиот дрес, изјавил Елмас за шпанските медиуми.