Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри беше разочаран по поразот на домашен терен од Удинезе (0:1),
но во исто време истакна дека нема простор за драма бидејќи тимот продолжува да ја следи својата
голема цел – место во Топ 4 и учество во Лигата на шампионите.
– Во текот на сезоната нормално е да има падови. Пред полувремето игравме добро, но не можевме да
постигнеме гол. Удинезе е тим кој многу се потпира на физичката способност. Силни се во статични ситуации,
а имаат и технички добри играчи, па ни беше тешко, прокоментира Алегри.
– Не сме во најдобар период, но мораме да ја задржиме смиреноста бидејќи сме втори на табелата. Сепак,
ни требаат уште многу бодови за да обезбедиме учество во Лигата на шампионите, нагласи тренерот на Јуве.