Арсенал го демолираше Вест Хем во лондонското дерби

Фудбалерите на Арсенал славеа убедливо како гости против Вест Хем (6:0), во натпреварот од 24. коло на Премиер лигата.

Избраниците на Микел Артета го добија лондонското дерби многу полесно од очекуваното, пред се благодарение на фуриозниот финиш на првото полувреме.

„Топџиите“ во простор од 15 минути постигнаа четири гола, а потоа за кратко време постигнаа уште два и со тоа ја запечатија победата.

Се започна во 32. минута, кога по корнер на Деклан Рајс, Вилијам Салиба со глава ја упати топката во мрежата на Алфонсо Ареола.

Букајо Сака реализираше пенал во 41-та, но во 44-та Рајс повторно добро ќе нафрли, само што овојпат егзекутор беше Габриел.

Гостите не застанаа тука, бидејќи Леандро Тросар по додавањето на Мартин Едегор постигна убав гол во втората минута од судиското надополнување и на тој начин постигна уште еден гол.

Арсенал продолжи да брои, а многу лесно Сака погоди по втор пат, со прецизен удар од шеснаесетникот.

Најубавиот гол на натпреварот беше дело на Рајс, поранешен играч на Вест Хем, кој не се радуваше многу по проектилот од повеќе од 20 метри.

Арсенал така стигна до четвртата последователна победа и 52 бода, колку што има и Манчестер Сити, со тоа што шампионот на Англија има натпревар помалку.

Вест Хем го забележа вториот пораз во низа, нема победа месец и половина, а моментално е осми на табелата со 36 бодови.

Премиер лига, 24 коло:
Вест Хем – Арсенал 0:6 (0:4)
Салиба 32, Сака 41п, 63, Габриел 44, Тросар 45+2, Рајс 66
17:30 Астон Вила – Манчестер Јунајтед

Понеделник:
21.00 Кристал Палас – Челзи

Сабота:
Манчестер Сити – Евертон 2:0 (0:0)
Халанд 71, 85
Фулам – Бурнемаут 3:1 (2:0)
Де Кордова Рид 5, Муњиз 36, 52 – Сенези 50
Ливерпул – Барнли 3:1 (1:1)
Диого Жота 31, Дијаз 52, Нуњеш 79 – О Шеа 45
Лутон – Шефилд Јунајтед 1:3 (0:2)
Морис 52 – Арчер 30, Мекати 36, Вини Соуза 72
Вулверхемптон – Брентфорд 0:2 (0:1)
Норгард 36, Тони 77
Нотингем Форест – Њукасл 2:3 (2:2)
Енаџе 26, Шара 43 – Бруно 10, 61, Хадсон-Одои 45+6

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО