МЗТ Скопје вечерва триумфално продефилира низ Кавадарци, каде гостите беа подобри од домаќинот Еуро Никел со резултат 99:88.
За волја на вистината, Еуро Никол одигра добар натпревар денеска, успеаја натпреварот да го однесат во продолжение, но во самиот финиш како да им недостасуваше потребна нијанса за победа, па на сцена стапија браќата Стојановски, кои постигнаа дури пет тројки заедно и ја однесоа победата.
Еуро Никел беше навистина компактен на овој натпревар, но фуриозниот финиш на браќата Стојановски не можеше ниту еден играч од редовите на домаќинот да го следат, па поразот им беше неминовен.
Најрасположен за игра во редовите на гостинската екипа беше Душко Танасковиќ, кој уфрли 23 поени, Војдан го следеше со 20 поени, додека кај Еуро Никол најдобар беше Дубински со 26 поени.