Првата дама на Франција, односно сопругата на Емануел Макрон, Бриџит, направи прилично обемен гаф околу фудбалот и репрезентацијата.
Имено, додека таа со сопругот беше во посета на една универзитетска клиника каде што се лекуваат дечиња, во Ремс, таа опуштено разговараше со селекторот Дидие Дешамп, па беа покренати повеќе теми, од кои една беше фудбалот.
Во тој разговор селекторот се пожали дека во фудбалскиот клуб Ремс, нема играчи кои можат да се најдат во репрезентацијата, Бриџит несвесно го збуни со прашањето.
– Има еден кој добро игра фудбал тука, мислам дека е Јапонец, зошто не го поканите во репрезентацијата?, порача Бриџит Макрон.
Ова прашање изнуди насмевка кај Дешамп, па одговори соодветно:
– Па затоа што е Јапонец, не можам да го канам во репрезентацијата, порача Дидие Дешамп.
Првата дама на Франција мислеше на крулниот фудбалер на Ремс, Јуниџиј Итоа, кој за селекцијата на Јапонија има одиграно преку 50 натпревари.
Brigitte Macron suggère à Didier Deschamps de sélectionner Junya Ito en Équipe de France ! ???
BM : “Il y a un Japonais qui joue très bien à Reims… Comment s’appelle t’il déjà ?”
Journaliste de @champagnefm : “Junya Ito”
BM : “Oui, Ito c’est ça ! Il est très bon. Il faut le… pic.twitter.com/iDGQJ8J90b
— Actu Ligue 1 (@ActuL1_) January 23, 2024