Нови проблеми за Јунајтед: Марсијал ќе паузира 10 недели

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал ќе биде надвор од терените до април по операцијата на препоните, објави најтрофејниот англиски клуб со 20 шампионски титули.

Марсијал (28) на кого договорот со Јунајтед му истекува на крајот од сезоната, постигна само два гола на 19 настапи за време на уште една фрустрирачка кампања на „Олд Трафорд“.

Марсијал го немаше во првиот тим на Јунајтед по поразот од Борнмут, 0:3 на домашен терен на 9 декември кога беше извиркан од навивачите.

„Антони Марсијал имаше успешна операција на препоните и ќе биде надвор од терените околу 10 недели, се’ додека комплетно не се рехабилитира“, се вели во клупското соопштение.

Марсијал имаше солиден старт во Јунајтед откако дојде од Монако во 2015 година. Но оттогаш неговата кариера е во стагнација, за што сведочат 90 постигнати гола на 317 настапи во сите натпреварувања.

Неговото отсуство ги остава Расмус Хојлунд и Маркус Рашфорд единствените централни ударни опции во тимот на Ерик тен Хаг.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО