Хрватот Лука Модриќ (38) го добил судскиот спор со шпанската даночна управа, која ќе му врати 3,6 милиони евра, објави Ел Мундо.
Економско-управниот суд пресудил дека локалните даночници претерале со барањето за плаќање данок за периодот од 2012 до 2024 година. Така Модриќ доби 2,7 милиони евра поврат на данок, а поништени му се 900.000 евра.
Во летото 2012 година, Модриќ пристигна во Реал од Тотенхем. Даночната служба сметала дека играчот од средниот ред требало во Шпанија целосно да го плати данокот од 1,2 милиони евра, иако делот за осум месеци веќе го платил во Велика Британија и во Шпанија се пријавил како неданочен резидент.
Шпанските даночници на Модриќ му наплатиле и 1,5 милиони евра данок за сумата што Реал Мадрид во 2013 и 2014 година ја платил на неговите агенти Влада Лемиќ, Давор Ќурковиќ и Зоран Лемиќ.
Економско-административниот суд заклучил дека претставниците на Модриќ биле во право и дека капитенот на хрватската репрезентација во 2012 година не бил Шпанец, туку Британец и затоа барањето на шпанската држава било претерано.
Ел Мундо, без да го открие изворот, тврди дека Модриќ одбил да плати данок на сумите кои Реал им ги плаќал на агентите бидејќи сметал оти тие не му пружале услуги на него туку на мадридскиот клуб. И во овој случај судот се согласил со страната на Модриќ.