Двејн Вејд ќе добие бронзана статуа во Мајами

НБА тимот Мајами хит најави дека клупската легенда, Двејн Вејд есенва ќе добие бронзана статуа висока осум метри пред центарот „Касеја“.

-Кога го пензиониравме неговиот дрес во февруари 2020 година, реков дека Двејн е засекогаш заштитното лице на оваа франшиза. Наследството на Двејн е големо, не само за Мајами хит туку и за округот Мајами-Вејд. Не можам да замислам подобар начин да му оддадеме почит, изјави претседателот на Мајами, Пат Рајли.

Скулпторите Омри Амрани и Оскар Леон се задолжени за изработката на статуата. Портфолиото на Амрани ги вклучува статуите на Мајкл Џордан, Шекил О’Нил, Дирк Новицки и на Карим Абдул-Џабар.

Вејд, МВП на финалето во 2006 година и трикратен шампион со Хит, мина 15 од 16-те сезони во НБА лигата во Мајами. Тој ги поседува клупските рекорди според постигнати поени, асистенции, украдени топки, натпревари и одиграни минути.

На 12 август 2023 година, Вејд беше примен во „Кошаркарската куќа на славните“ во Спрингфилд.

Првичните планови за статуата која ќе биде поставена на булеварот Бискејн, беа објавени за време на победата на Хит над Шарлот хорнетс, 104:87.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО