Осака, двократната шампионка, се збогува со Австралија опен

За Американаката Наоми Осака (26), настапот на првиот годинашен гран-слем турнир, Австралија опен заврши прерано. Во првото коло таа беше поразена од 16-та носителка, Французинката Каролине Гарсија, со 4:6, 6:7.

Осака, двократната победничка во Мелбурн, во 2019 и во 2021 година, го играше третиот меч по подолгата 15-месечна пауза од тенисот, и шест месеци по раѓањето на ќеркичката.

За Осака ова беше најрана елиминација на осумте настапи на Австралија опен и трет последователен пораз во воведното коло на еден грен-слем турнир, по Ролан Гарос и Њујорк во 2022-та.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО