Гризман го надмина Арагонес и стана најдобриот стрелец на Атлетико на сите времиња

Францускиот интернационалец  Антоан Гризман стана најдобар стрелец во историјата на Атлетико Мадрид.

Тој постигна еден гол против Реал Мадрид во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп, во средата во Ријад (3:5), со што го надмина легендарниот Луис Арагонес како најдобар стрелец на Атлетико Мадрид на сите времиња со 174 гола.

Арагонес имаше постигнато 173 гола на 370 натпревари, додека на Гризман му беа потребни 368 меча за да ги даде 174-те гола и го надмине на клупската рекордерска листа.

Гризман се изедначи со Арагонес со двата гола против Хетафе во шпанската Ла лига во декември, но потоа не даде гол на следните три натпревари.

Гризман ја игра осмата сезона во Атлетико. Првиот ангажман во клубот му беше во периодот од 2014 до 2019 година, по што мина две сезони во Барселона. Потоа се врати во Атлетико во 2021 година на едногодишна позајмица која беше продолжена во сезоната 2022/23.

Гризман, кој претходно има настапувано и за Реал сосиедад, има договор со Атлетико до јуни 2026 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО