Франц Бекенбауер е еден од најголемите германски симболи во фудбалот и таков ќе остане запаметен.
За него своевремено се зборувало дека е еден од најграциозните фудбалери на терен, се зборувало дека кога не го гледаат како се движи со топка, едноставно публиката и фановите ги опфаќала некоја чудна милина.
Постигнуваше безброј голови со неверојатна елеганција, а еден од најдобрите беше сигурно голот од слободен удар против Дуизбург, кој плени со умешност и луцидност. Тоа беше сезоната 1973/4, а неговиот гол беше неверојатен и до ден денешен незаборавен.