Екипата на Македонија ЃП денес официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната.
Во пресрет на првиот тренинг прес конференција одржа тренерот на екипата Тони Џангаровски и неговиот асистент Боби Божиновски
-Стартуваме денес, а на првата прозивка се повикани 25 фудбалери и неколку голмани. Во Скопје ќе биде седум дена, а на 15-ти јануари заминуваме за Хрватска каде ќе бидеме 16 дена. Имаме пет натпревари таму и тоа со Динамо, Осијек, Радомље, Алумниј и Сарајево. А потоа се враќаме во Скопје и на генералката пред продолжението на сезонаа ќе играме со Беса, кажа Џангаровски.
Како што е познато „лавовите“ претрпеа низа промени во екипата ова зимо, па така од клубот заминаа: Драган Стојков, Андреј Јаго, Ристе Темелков, Филип Алексовски и Кристијан Стојкоски.
Од друга страна беа ангажирани Крсте Велковски, Бразилците Џонатас Жилберто и Џонатан Балотели, потоа шпанецот Давид Родригез Лопез и последната нова аквизиција Алекс Златков од Шкупи.