Елмас: Сакам што побрзо да научам германски, со моето семејство ќе се преселам во Лајпциг

Eљиф Елмас денес за клупската страна на РБ Лајпциг го даде првото интервју во кое зборуваше за неговата преселба во клубот.

-Тоа е голема промена, сè се движеше толку брзо. Сепак, среќен сум што сум тука. Се приклучив на добар тим кој има многу квалитет. Мило ми е што работите почнуваат сега. РБ Лајпциг е голем клуб во Германија. Ми се допаѓа како развиваат млади таленти овде. Имам 24 години, па затоа сум млад и сè уште можам да се подобрам. Тука е вистинското место да го направам токму тоа“.

-Секако, сè е многу ново, но беше убаво да се излезе на теренот со момчињата и стручниот штаб. Марко е многу јасен за она што сака да го види и знае како да се справи и да ги подобри младите играчи. Сега , сè е да апсорбирам сè што можам и подобро да ги сфатам основите на теренот

Ќе се преселам во Лајпциг со моето семејство. Моите родители и браќата и сестрите ќе дојдат со мене. Мојот соиграч во Наполи, Диего Деме, долго време играше за РБЛ и добро го познава градот. Ми даде неколку совети.

Сакам да научам германски што е можно побрзо. Мислам дека е навистина важно да можам да го зборувам јазикот, бидејќи ќе можам поефективно да комуницирам со моите соиграчи. Дајте ми четири или пет месеци за да се снајдам.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО