(ФОТО) Спортист во Полска зад решетки поради шпионирање за Путин?

Максим Сергејев, 21-годишен член на хокеарскиот клуб Заглебjе Сосновец, осуден e во Полска на две години и 11 месеци затвор, откако било докажано дека се занимавал со шпионски активности за Русија и за тоа бил плаќан во криптовалути.

Приказната за Сергеев неодамна ја објави Л’Екип (L’Équipe) под наслов „По стапките на рускиот хокеар кој стана шпионски приправник за Путин и Кремљ“.

Опишувајќи го како „нов вид таен агент“, тие ја детализираа приказната со филмски елементи. Пред повеќе од три години, односно пред војната во Украина, Сергеев замина во Полска за да стане професионален хокеар, пренесуваат хрватските Спортске новости.

Откако не успеал да избори место во првиот тим на Заглебје, тој се преселил во сателитска екипа, во Втората лига, а бидејќи тоа не му било доволно за преживување, во сезоната 2022/23 почнал да работи како доставувач на храна.

Неговиот живот, пишува Л’Екип, се променил во јануари 2023 година, кога човек по име Андреј, агент на ФСБ, го контактирал преку Телеграм, нудејќи му различни работни места како што се објавување проруски пораки на социјалните мрежи. За ова тој бил плаќан во криптовалути.

Сергеев напишал постови како „војната во Украина не е војна на полскиот народ“ или за американскиот претседател Џо Бајден. Со текот на времето, работните задачи станале посериозни, па морал да почне да бара објекти поврзани со НАТО или полската армија.

Исто така, му биле ветени 10.000 долари за да го следи возот што патувал за Украина, а работата што ја одбил била да запали куќа и автомобил на „корумпиран Белорусин“.

По долго следење, полската полиција го уапсила во јуни минатата година под сомнение за шпионажа, а сега му е изречена пресудата. Откритието дека во своите редови имаа руски шпион беше шок за раководството на Заглебје.

– До неговото апсење немавме поим за неговите активности, изјави спортскиот директор на клубот, Пјотр Мајевски.

Ниту првиот човек на клубот, Адријан Пјетжик не се сомневал. „Тој не е Џејмс Бонд. Тој го немаше таков стил, никогаш не правеше ништо спектакуларно“.

Сергејев ќе биде во полски затвор најмалку до мај, кога е планирана депортација во Русија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО